Уште е јануари, а Барселона ја мина границата од 100 гола во сезоната
Со синоќешните седум против Валенсија. каталонскиот тим стигна до вкупно 101 гол за што му беа потребни само 32 натпревари. Сепак, тоа не е клупски рекорд, него го држи тимот од сезоната 2011/12, предводен од Пеп Гвардиола кој тогаш ја мина магичната граница со 31 натпревар.
Барселона во моментов е најефикасен тим во Ла Лига со вкупно 59 гола, девет повеќе од лидерот Реал и дури 24 од второпласираниот Атлетико. Освен тоа е најефикасен и во Лигата на шампионите со 26 гола, седум повеќе од најблискиот следбеник (Борусија Дортмунд).
Од останатите голови, девет се постигнати во Копа дел Реј, а седум во Суперкупот на Шпанија каде Барса веќе го освои првиот трофеј оваа сезона.