
Ужас во Меделин: Колумбиски фудбалер застрелан за време на вооружен грабеж!
Според информациите од полицијата, Бланко бил погоден со четири куршуми додека се обидувал да се спротивстави на двајца разбојници кои влегле во локалот со кациги на главите. И покрај сериозноста на нападот, тој е надвор од животна опасност. Снимките од безбедносните камери покажуваат дека поранешниот фудбалер на Милионер, Онце Калдас и Америка де Кали, се борел со еден од напаѓачите, успевајќи да дојде до пиштол и да влезе во престрелка со нив. Во меѓувреме, вториот напаѓач се судрил со Москера Варгас, кој бил застрелан додека се обидувал да го спречи грабежот и подоцна им подлегнал на повредите.
Градоначалникот на Меделин им се заблагодари на сите за пораките на поддршка и соопшти дека Бланко, кој во моментов е без клуб, е стабилен. Иако колумбиските медиуми не го откриваат името на локалот каде што се случил настанот, се шпекулира дека станува збор за кафуле во сопственост на фудбалерот.
ФОТО: EPA PHOTO