
Класата е вечна: Меси покажа дека сѐ уште има магија во неговите нозе (ВИДЕО)
Тимот предводен од Лионел Меси минатата сезона доминираше во Источната конференција, но на стартот на новата едвај избегна пораз. Аргентинецот асистираше на Томас Авилес уште во 5. минута, носејќи му рано водство на Интер, но само 15 минути подоцна стрелецот доби црвен картон. Гостите ја искористија бројчаната предност и направија пресврт со головите на Митја Иленич и Алонсо Мартинес.
Интер Мајами, сепак, не се откажа, па во судиското продолжение, Талеска Сеговиа постигна израмнувачки гол по нова асистенција на Меси, носејќи му бод на својот тим.