Дерби под Шара: Шкендија го пречекува Силекс!

20. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) почна вчера со победата на Вардар над Струга, а денеска од 14 часот се играат преостанатите пет натпревари, најинтересно ќе биде во Тетово каде Шкендија го пречекува Силекс.

Силекс презими на првата позиција, но по првото коло во пролетниот дел Шкендија се качи на лидерската позиција. Двата тима се борат за титулата, а денеска имаат меѓусебен дуел кој може да биде многу значаен.

Шкендија осоколена од победата над Вардар и предноста која ќе ја имаат на домашен терен влегува како фаворит во овој меч. Силекс киксна во првото коло, откако во Кратово ремизираше со Тиквеш.

За момците на Васоски успех ќе биде да останат непоразени во Тетово, а победата ќе биде премија, тетовскиот тим пак сака да почне да се одлепува на врвот и целта за нив ќе бидат трите бода.

Гостивар кој исто така се бори за титулата гостува кај Беса од каде очекува да се врати со целиот плен.

Победа очекува и Работнички кој на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека Воска.

Шкупи гостува кај Брера, а во Кавадарци играат Тиквеш и Пелистер.

ПМФЛ 20. коло:
Шкендија - Силекс
Беса - Гостивар
Работнички - Воска
Брера - Шкупи
Тиквеш - Пелистер

Вчера:
Струга - Вардар 0-2