„Во Реал Мадрид се како бебиња, плачат секој викенд“

Во Шпанија во овој период актуелни се реакциите на Реал Мадрид против судењето во Ла Лига, а сега на оваа тема се огласи првиот човек шпанското првенство, Хавиер Тебас.

Тебас по веќе редовните поплаки од Реал Мадрид на судењето реагираше со тоа што ги нарече „плачковци“.

„Реал Мадрид е клуб на плачковиц, Се однесуваат како бебиња, плачат секој викенд“, изјави Тебас.

Освен критиките Тебас откри и каква врска има Реал Мадрид со судиите во изминатите години.

„Сопругата на официјалниот претставник на Реал Мадрид, Давила е вработена во Судискиот комитет, а никој никогаш нема јавно зборувано дали тука станува збор на судир на интереси и навистина е чудно“, изјави Тебас.