Драма во Верона: Играч на Фиорентина се онесвести среде натпревар (ВИДЕО)

Верона ја победи Фиорентина со 1-0, но натпреварот го одбележа моментот од средината на второто полувреме кога на теренот се онесвести играчот на гостинската екипа Мојс Кеан.

Неколку минути претходно, напаѓачот ја загуби рамнотежата и падна, а на него налета противничкиот фудбалер Павел Давидовиц и го удри со колено во главата. Кеан остана да лежи на теренот, беше изнесен од игра за да му се укаже помош, но откако се врати, му се слоши и се онесвести.

Лекарскиот тим вртча на теренот за да му помогне по што Кеан го напушти теренот на носилки и со имобилизација на вратот.

Кеан е втор фудбалер на Фиорентина кој се онесвести на натпревар оваа сезона. На 1 декември, на мечот против Интер колабираше Едуардо Бове поради што мечот беше прекинат и се одигра на почетокот на февруари. За среќа, во двата случаја, немаше жртви.