
Шифрин испиша историја во Светскиот куп: Стигна до сто победи
Шифрин денес беше доминанта и до јубилејната стота победа стигна со време од 1:50.33.
До денес водечката во поредокот Камила Раст не ја заврши првата трка, а тоа го искористи Хрватката Зринка Љутиќ која заврши како второпласирана и го презема водството во генералниот пласман.
Љутиќ има 489 бодови, 39 повеќе во однос на Раст на две слаломски трки пред крајот на сезоната.
Сонародничката на Шифрин, Паула Молтазан денес оствари трето најдобро време и заостана само три стотинки зад Љутиќ.