Комо го шокираше Наполи, Интер останува лидер пред дербито! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи како полека да почнува да покажува сериозни слабости во битката за Скудетото и денес претрпе пораз од Комо со 2-1.

За Наполи ова беше четврти натпревар без триумф, откако на претходните три избраниците на Конте ремизираа.

Проблемите на Наполи започнаа во седмата минута кога косовскиот репрезентативец Амир Рахмани си постигна бизарен автогол сакајќи да ја врати топката до Мерет кој во тој момент не беше на голот.

 

Успеа Наполи преку Распадори да дојде до изрманување и пред крајот на полувреме. На паузата се замина со по еден гол на двете страни.

Во второто полувреме видовме еден гол и тоа во мрежата Наполи. Еден од најдобрите фудбалери на Комо, Нико Паз со одличен паз го пронајде Диао кој излезе сам пред Мерет и погоди за 2-1 и победа на Наполи.

Поразот на Наполи значи дека Интер од лидерската позиција ќе го дочека меѓусебното дерби со клубот од Неапол кое се игра во наредното коло.