
Дончиќ одигра докторски против најдобриот во НБА – му одржа лекција на Јокиќ (ВИДЕО)
„Езерџиите“ со ова ја прекинаа серијата од девет победи на составот од Колорадо. Словенечкиот ас во „Бол Арена“ забележа 32 поени, 10 скока и 7 асистенции, реализирајќи 10/22 од игра, 4/9 за три и 8/8 од слободни фрлања, прикажувајќи една од најдобрите партии во последните месеци. На спротивната страна, Јокиќ дојде до својот 26-ти трипл-дабл сезонава со 12 поени, 13 скока и 10 асистенции, но и со шест изгубени топки.
Леброн Џејмс исто така беше одличен со 25 поени, 9 скока и 5 асистенции, Остин Ривс придонесе 23 поени и 7 асистенции, а Руи Хачимура уфрли 21 поен. Кај Денвер, Арон Гордон беше најефикасен со 24 поени, 5 скока и 4 асистенции, додека Џамал Мареј забележа 19 поени и 6 асистенции.
Со оваа победа, ЛА Лејкерс има биланс 34-21, додека Денвер останува трет на Западот со 37-20.