Играчите на Лас Палмас го претепаа Јамал - ногата на тинејџерот изгледа страшно

Ламин Јамал одигра еден од своите послаби натпревари оваа сезона за што голем придонес имаат фудбалерите на Лас Палмас кои играа прилично грубо на него.

Доказ за тоа е и состојбата на ногата на тинејерот која тој ја фотографираше по натпреварот и ја објави на Инстаграм со коментар „Нема фаул“, алудирајќи на тоа дека стартовите на домашните фудбалери не само што не биле санкционирани, туку не биле ни третирани како прекршоци.

Дури и во таква ситуација Јамал асистираше при голот на Олмо, а на негово место во 85. минута во игра влезе Феран Торес кој во судиското продолжение ги постави конечните 2-0.