Автоголот на Милан беше комичен, ама на Наполи денеска... (ВИДЕО)

Проблем во комуникацијата меѓу Мењан и Тиав синоќа придонесе Милан да си постигне комичен автогол во дуелот со Торино, но Наполи денеска го надмина дури и тоа.

Во центарот на вниманието беше косовскиот репрезентативец Амир Рахмани кој не забележа дека голманот Мерет не е пред голот, му ја врати топката и си ја затресе мрежата по само шест минути игра.

Наполи гостува кај Комо во ситуација кога има бод заостанување зад Интер, а идното коло го пречекува токму актуелниот италијанскиот шампион.