
Ван Перси се врати дома, го презема клубот каде што ја започна кариерата
Ван Перси со Феенорд потпиша договор до јуни 2027 година, а клубот во него гледа идеално решение.
„Воодушевени сме што ја именувавме нашата легенда за нов тренер. Робин одлично го познава клубот и знае што е потребно за да имаме добри резултати. Визијата која ја има се поклопува со тоа што клубот располага во овој момент“, изјави генералниот менаџер на клубот, Денис Те Клесе.
Задоволство од соработката изрази и самиот Ван Перси.
„Навивачите и сите блиски до клубот знаат каква е мојата врска со Феенорд. Многу се радувам што ќе работам со оваа посебна група фудбалери и се надевам дека ќе имаме успех“, изјави Ван Перси.
Со Феенорд Ван Перси како тренер ќе дебитира и во Лигата на шампионите каде што овој клуб игра во осминафиналето против Интер.