
Ќе пропушти важни натпревари: Барселона објави колку ќе паузира Олмо
Екипата на Барселона ја потврди повредата и информираше дека Олмо ќе биде надвор од терените три недели.
Во тие три недели Барселона ја чекаат два натпревари против Борусија Дортмунд, натпревар против Атлетико во Копа дел Реј и дуели со Жирона, Бетис и Леганес во првенството, па јасно е дека отсуствува во еден важен период.
Сезонава Олмо одигра 28 натпревари за Барселона во кои постигна осум голови и асистираше за пет.