Канада влезе во „одбрано друштво“ на Мундијалите по – серија порази!

Канада после домаќинот Катар е втората официјално елиминирана селекција од 22-то Светско првенство на кое утре ќе заврши вториот круг од мечевите по групи, а селекцијата која дочека после 36 години првпат да игра на најголемиот фудбалски фестивал стана трета со најголема серија на порази во историјата.

За Канада за која ова е второ учество на Мундијалите по тоа на СП 1986, каде ги загуби трите меча, сега дојде до серија од пет порази по ред на Мундијалите, а со тоа се искачи на третото место на „вечната листа“.

Убедливо прв засега е Мексико кој имаше серија од девет порази пред првиот освоен бод, а втор е Ел Салвадор со шест, кој Канаѓаните може да го достигнат во трериот меч со Мароко во четврток ако повторно загубат. Или ќе стават крај и ќе прослават за утеха прв бод на Светските првенства.