
„Израел уби 420 фудбалери, ако ФИФА и УЕФА не го исклучат, ќе бидат соучесници“
Своевремено Абутрика беше втор најдобар фудбалер во Африка во 2008 година..
„Израел уби 760 палестински спортисти, од кои 420 беа фудбалери. Уништени се 140 спортски објекти. ФИФА и УЕФА експресно ја санкционираа Русија поради војната во Украина. Кога ќе го исклучите Израел и ќе ставите крај на окупацијата? Не сакаме само зборови, сакаме дела“, рече Абутрика во живо.
Според него, најголемите фудбалски организации треба да реагираат со исклчување, во спротивно тој ги смета за учесници во нападите.
„Ако ФИФА и УЕФА навистина мислат сериозно, мора веднаш да ги суспендираат израелските тимови. Во спротивно, тие се соучесници. И ние, ако молчиме, сме дел од тоа злосторство“, заврши некогашниот репрезентативец на Египет.
Абутрика низ својата кариера настапуваше само во два египески клубови и постигна речиси 200 голови. За репрезентацијата на Египет собра 100 настапи во кои 38 пати се запша во листата на стрелци.
Од активното играње фудбал се повлече во 2013 година.
Фото: EPA