Италијанскиот ветеран Џакомо Бонавентура пронајде нов клуб

Саудискиот Ал Шабаб ја доведе замената за Иван Ракитиќ и тоа е Италијанецот, Џакомо Бонавентура.

Бонавентура изминатата сезона ја помина на позајмица во Фиорентина, а по истекот на договорот со клубот од Фиренца остана без ангажман.

Ал Шабаб тоа го искористи и се одлучи да го доведе како замена за Ракитиќ кој не се задржа долго во Саудиска Арабија и одлучи да се врати во татковината каде што потпиша за Хајдук.

Зад себе Бонавентура има солидна кариера во која настапуваше за Лацио, Торино, Милан и Фиорентина, а исто така го носеше дресот и на репрезентацијата на Италија.