Интер Мајами му носи уште еден пријател на Меси

Лео Меси ова лето ќе добие уште еден добар пријател во Интер Мајами, тоа е фудбалерот на Атлетико Мадрид, Родриго де Пол.

Интер Мајами и Атлетико Мадрид се во напредна фаза на преговори за трансфер на Родриго де Пол.

Родриго веќе ги договорил личните услови со Интер Мајами, сега двата клуба треба да ја заклучат зделката.

Претходно Интер Мајами на Меси му ги донесе Бускетс, Алба и Суарез.