Интер декласиран во куп-финалето, Суарез сочно плукна член на ривалот (ВИДЕО)

Уругвајскиот напаѓач, Луис Суарес, познат по својот бурен темперамент, повторно предизвика скандал, откако по ноќешниот пораз на Интер Мајами во финалето на Лига купот против Сиетл (0-3) влезе во жестока расправија со член на обезбедувањето на противничкиот тим.

Инцидентот се случи веднаш по крајот на натпреварот, кога Суарес се судри со Џино Рамирез, задолжен за безбедноста на противничкиот тим. Иако неговиот соиграч Оскар Устари се обиде да ја смири ситуацијата, Суарес на крајот го плукна Рамирез, со што конфликтот дополнително ескалираше. Тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, по мечот изјави дека не е запознаен со сите детали, но нагласи дека никој не сака да гледа вакви сцени. Тој додаде и дека ваквите реакции најчесто се предизвикани од провокации.

Суарес во минатото веќе беше дел од бројни скандали, меѓу кои најпознати се гризењата на Отман Бакал, Бранислав Ивановиќ и Џорџо Кјелини. По најновиот испад, речиси е извесно дека го очекува суспензија.