Едерсон конечно си најде нов клуб, Донарума сега ќе може да потпише за Сити!

Бразилскиот голман Едерсон е пред потпис со Фенербахче, откако реши да ја напушти Англија и Манчестер Сити по седум успешни години и освоени сите можни трофеи.

Искусниот чувар на мрежата веќе му соопштил на менаџерот Пеп Гвардиола дека не се гледа во плановите на „граѓаните“ за оваа сезона. Турските гиганти Фенербахче и Галатасарај водеа битка за неговиот потпис, но Едерсон ја избра понудата од клубот од азискиот дел на Истанбул. Вредноста на трансферот изнесува околу 14 милиони евра.

Во меѓувреме, Сити се подготвува за нов голман. Англискиот шампион постигна договор со ПСЖ за трансфер на Џанлуиџи Донарума, кој ќе потпише долгорочен договор. Италијанецот денеска ќе ги мине медицинските прегледи и кон екипата ќе се приклучи по репрезентативната пауза. Италијанецот одигра 161 натпревар за ПСЖ, при што 56 пати ја сочува својата мрежа. Минатата сезона беше дел од историјата на клубот, освојувајќи ја првата Лига на шампиони во Париз.