Тренерот на Барса брутално искрен: Како игравме, добро е што освоивме и бод!

Екипата на Барселона одигра само нерешено на синоќешното гостување кај Рајо Валјекано (1-1), а тренерот Ханси Флик по натпреварот отворено призна дека неговиот тим не заслужил ништо повеќе од реми.

„Мислам дека добро е што земавме барем еден бод, бидејќи реално – не заслуживме повеќе. Направивме премногу грешки и во средниот ред и во нападот. Одбраната држеше ниво, но останатите линии не функционираа како што треба“, изјави Германецот.

Флик додаде дека Барселона имала шанси на крајот од првото и почетокот на второто полувреме, но признa дека Рајо бил подобар противник на теренот и повеќе ја загрозувал нивната мрежа. За Барса ова беше прв „кикс“ во новата сезона, по двете стартни победи.

ФОТО: EPA PHOTO