За тие што спиеја: Магијата на Ѓоковиќ со која го збудале ривалот во Њујорк (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Ју Ес опен, откако лесно, во три сета со 6-3, 6-3, 6-2, убедливо го совлада Германецот Јан-Ленард Штруф, по што изјави дека тоа бил неговиот најдобар натпревар на турнирот досега.

Србинот од првиот поен влезе доминантно, не оставајќи простор за изненадување, а мечот траеше нешто помалку од два часа. Штруф делуваше безидејно и немоќно да се спротивстави на брзината и прецизноста на противникот. И покрај резултатската доминација, публиката беше сведок на квалитетен тенис со низа атрактивни поени. Ѓоковиќ демонстрираше широк репертоар – изненадувачки дроп-шотови, прецизни лобови и ефективни волеја, со кои постојано ја држеше иницијативата и го затвораше секој напад.

Со оваа победа, Ѓоковиќ уште еднаш ја потврди својата форма и амбиции за освојување на уште еден гренд-слем трофеј во Њујорк.

ФОТО: X / @DjokovicFan_

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by US Open (@usopen)