Им се заканува затвор: Роналдо и Георгина не смеат да живеат заедно во С. Арабија!

Кристијано Роналдо во пресрет на новата година потпиша историски договор со саудискиот прволигаш Ал Наср вреден 200 милиони по сезона, што беше светска сензација, но по доаѓањето на Арапскиот полуостров сфаќа дека нема да биде се така идеално за него и неговото семејство.

Според шпанскиот весник „Спорт“, Португалецот и неговата животна партнерка Георгина се соочуваат со затворска казна ако живеат заедно во Саудиска Арабија, за што веќе добија супер-луксузна вила вредна 14 милиони долари. Причина за ова е фактот што тие формално не се во брак, а во оваа земја важат шеријатски закони кои забрануваат лица од различен пол кои не се венчани да живеат под ист кров.

Локален адвокат во изјава на „Спорт“ вели дека властите во последно време замижуваат при вакви случаеви кога станува збор за странци, но и дека секогаш постои опасност некој да ги пријави Роналдо и Георгина и тие поради тоа да завршат во затвор.