Грузија ѝ ја наполни мрежата на Бугарија во Тбилиси (ВИДЕО)

Фудбалерите на Грузија запишаа убедлива победа против Бугарија со 3-0 на мечот во квалификациите за Светското првенство (СП).

Пеколот за нашиот источен сосед во Тбилиси почна уште во првото полувреме, кога Кварацхелија најпрво во 30. минута погоди за 1-0, а потоа во завршницата домаќинот стрелаше уште еднаш.

Последниот гол за Грузија го постигна Микутаѕе во 65. минута, кога ги постави конечните 3-0 и ја испрати Бугарија на дното на табелата со ужасна гол-разлика од 0-6.

Фото: Team Bulgaria