Голгетерот кој падна на прегледи во Милан пронајде нов клуб

Нигериецот Виктор Бонифејс кој требаше да го засили Милан, но не ги помина медицинските прегледи сега пронајде нов ангажман.

Имено, Бонифејс ќе продолжи да настапува во Бундеслигата, меѓутоа сега во дресот на Вердер. Според последните информации, напаѓачот успешно ги поминал медицинските тестови и ќе стави потпис на договор.

Ќе потсетиме, претходно Милан ги договори сите услови и се очекуваше тој да го предводи нападот на „росонерите“ во новата сезона, но на крајот зделката пропадна. Милан брзо реагираше и место Бонифејс го доведе Кристофер Нкунку од Челси.

Напаѓачот дури имаше и провокација кон „росонерите“ кога по првиот натпревар во сезоната во кој Милан загуби од Кремонезе се појави на интернет стрим со дрес токму од новиот калчолигаш.

Сезоната која е пред нас ќе покаже дали гигантот од Милано погрешил што го сметал Бонифејс за недоволно подготвен.