Чурлинов промовиран во Турција! (ФОТО)

Maкедонскиот фудбалер Дарко Чурлинов и официјално е промовиран како ново засилување турскиот суперлигаш Кочаелиспор.

Чурлинов со овој клуб се обврза на верност од две години, а пристигнува по сезоната во која го носеше дресот на Јагиелонија од Полска. Полскиот клуб имаше желба да го откупи, но не успеа да постигне договор со Барнли.

Aнгажманот во Кочаелиспор е прв за Чурлинов во Турција, претходно во сениорска категорија го носеше дресот уште на: Шалке, Штутгарт и Келн.