
Мега засилување за Вардар - Давид Бабунски е црвено-црн!
Вардар вечерва пријатно ги изненади своите фанови, Давид Бабунски од денеска е фудбалер на црвено-црните.
За 31-годишниот Бабунски, Вардар ќе биде прв македонски клуб за кој заиграл. Тој кариерата ја почна во Барселона, настапуваше за вториот тим на Каталонците. А последно играше за Данди јунајтед во Шкотска.
Бабунски во Вардар доаѓа како слободен играч.
Во текот на утрешниот ден Вардар ќе промовира уште две засилувања со што ќе го затвори преодниот рок.