
Богатинов: Од Кратово до Ахна - крај на една убава приказна!
Поранешниот македонски репрезентативен голман, Мартин Богатинов последните десет години од кариерата ги помина во кипарскиот клуб Етникос Ахна. Тие вчера на срдечен начин му се заблагодарија на Македонецот, а тој денеска преку социјалните мрежи со посебен текст се збогува од фудбалот.
„Дојде моментот кој ниту еден фудбалер неможе да го избегне,после 22 години професионална фудбалска кариера дојде време за крај, крај на една убава приказна која што започна во моето родно Кратово во мојот матичен клуб Силекс, следуваше Брегалница Делчево, Вардар, Цементарница, Локомотива, Тетекс, Работнички, мојот прв интернационален трансфер Карпати Лвив(Украина), Стеауа Букурешт, Ермис(Кипар), и на крај заврши во Етникос Ахна (Кипар) приказна проследена со многу убави моменти и помалку лоши, со гордост го носев националниот дрес, сон на секој фудбалер, голема благодарност до сите тренери со кои соработував, благодарност до сите мои колеги со кои настапував сите овие години, до сите спортски работници до сите спортски новинари најголема благодарност до мојата фамилија која што беше со мене сите овие години и беа мојата најголема подршка, фудбалот ми даде многу работи во животот но време е за ново поглавије, се гледаме наскоро надвор од теренот Спортски поздрав“, напиша Мартин Богатинов на социјалните мрежи.