Македонската фудбалска репрезентација го одработи и првиот тренинг пред двата претстојни натпревари на почетокот на овој месец.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски денеска напладне го имаа првиот собир, а неколку часа подоцна го одрабтија и првиот тренинг. Македонија за три дена ја очекува контролниот натпревар во Прага против Саудиска Арабија, но поважен е дуелот кој следи потоа.

Лихтенштајн гостува во Скопје на 7 септември (недела) од 18:00 часот во рамките од квалификациите за Светското првенсство во кои македонските фудбалери ќе се обидат да ја задржат добрата форма која ја имаа во првите четири средби.

Македонија добро ги започна квалификациите и први сме во групата со осум бода, Велс има седум, Белгија четири (со два натпревари помалку), Казахстан три (еден натпревар помалку) и Лихтенштајн е последен без бодови (еден натпревар помалку).