Ливерпул го потврди најголемиот трансфер во овој преоден рок!

Најголемиот трансфер на преодниот рок доцна вечерва е потврден, Александер Исак од Њукасл во Ливерпул за рекордни 130 милиони евра.

Ливерпул го соопшти трансферот на Исак и напиша: „Вредеше чекањето“.

„Ливерпул го комплетираше трансферот на Александер Исак од Њукасл. Тој ќе го носи дресот со број 9 откако потпиша долгогодишен договор со клубот“, стои во соопштението на црвените.

Исак кој направи се за да дојде во Ливерпул, вели дека е многу среќен поради трансферот.

„Се чувствувам неверојатно. Беше долг патот за да дојдам до тука, но сум супер среќен што сум дел од овој тим. Среќен сум што се случи и што се враќам на работа“, рече меѓудругото Исак.