Србија ја победи Чешка во првата четвртина - потоа одмараше!

Кошаркарската репрезентација на Србија запиша уште една победа на Европското првенство, овојпат со убедливи 82-60 славеше на Чешка, предност од 22 поени која ја направи во првата четвртина.

Србите одиграа неверојатно во првите 10 минути кои ги добија со 27-5, но тука застанаа. Не сакаа да продолжат да го полнат кошот на Чешка, Пешиќ им даде шанса на сите кошаркари и ги одмори најдобрите.

До крајот беше нерешено, Србија ја одржуваше предноста, Чешка играше колку што можеше, на крајот мечот заврши со 82-60.

Најефикасен во селекцијата на Србија беше Аврамовиќ со 14 поени, Петрушев постигна 13, а Милутинов 12. Никола Јокиќ играше само 18 минути за кои постигна шест поени. Кај Чешка единствен кошаркар кој беше двоцифрен беше Јаромир Бохачик со 12 поени.

Следен натпревар на Србија е против Турција, тоа ќе биде борба за првото место во групата бидејќи досега двете селекции остварија по четири победи од исто толку натпревари.