Милан доби голем попуст и го врати Рабио во Серија А!

Милан вечерва и официјално го потврди трансферот на Адриен Рабио од Марсеј кој стави потпис на четиригодишен договор со росонерите.

Марсеј го стави Рабио на трансфер листата откако фудбалерот направи голем инцидент во соблекувалната, францускиот клуб сакаше да се ослободи од фудбалерот.

Тоа го искористи Милан и го купи за само 10 милиони евра. Рабио потпиша четиригодишен договор.

За Французинот ова е враќање во Серија А откако претходно настапуваше за Јувентус.

Интересно, повторно ќе игра под водство на Масимо Алегри за кој играше и во црно-белиот дрес.