Гери Линекер ја смени својата изјава за Германците! (ФОТО)

Не треба посебно потсетување за легендарната изјава на Гери Линекер за Германците и фудбалот. По вечерашнава победа против Шведска, со гол во 95. минута за 2-1, контроверзниот Англичанец ја измени својата славна изрека.

„Фудбалот е игра во која играат 22, а на крај секогаш победуваат Германците“, гласи накратко изјавата на Линекер посветена на најупорната фудбалска нација на светот. На дело ја покажа Тони Крос со гол во 95. минута за победа од 2-1 против Шведска, арно ама овој пат му даде повод на Линекер да се јави и да ја обнови својата чуена изрека.

„Фудбалот е едноставна игра, 22 луѓе ја бркаат топката 82 минути, а Германците добиваат црвен картон, па потоа 21 човек ја брка топката 13 минути и на крај Германците некако е**но победуваат“, напиша Линекер на Твитер.

Џером Боатенг доби втор жолт картон во 82. минута и ги остави Германците со десетмина, но тоа не се ни забележа. На тоа алудираше и Линекер, кој деновиве работи како водител на специјализирана емисија за СП, на Би-Би-Си.