Денес во Фиренца е можеби најтажниот ден во историјата, поради погребот на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина во неделата во Удине од срцев удар. Погребот започна во девет часот, а на истиот пристигнаа голем број фудбалски ѕвезди кои не можат да ја преболат загубата на Италијанецот.