Европско дерби на СП помеѓу Шпанија и Германија: Србија и Бразил повторно заедно

Познати се групите за Светското фудбалско првенство што ќе се одржи годинава во Катар. Страшно интересно ќе биде во групата Е, каде што се најдоа два европски гиганти Шпанија и Германија. 

Интересно е тоа што во Групата Г ќе играат три репрезентации кои беа во иста група и на минатиот турнир во Русија, а тоа се Бразил, Швајцарија и Србија. Бранителот на трофејот Франција за најсериозен ривал во групата Д ја доби Данска, а релативно лесни противници има Аргентина, која се падна во групата Ц каде што се Саудиска Арабија, Мексико и Полска. 

ГРУПА А: Катар, Еквадор, Сенегал, Холандија

ГРУПА Б: Англија, Иран, САД, Велс/Шкотска- Украина

ГРУПА Ц: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико, Полска

ГРУПА Д: Франција, ОАЕ-Австралија/Перу, Данска, Тунис

ГРУПА Е: Шпанија, Костирака/Нов Зеланд, Германија, Јапонија

ГРУПА Ф: Белгија, Канада, Мароко, Хрватска

ГРУПА Г: Бразил, Србија Швајцарија, Камерун

ГРУПА Х: Португалија, Гана, Уругвај, Јужна Кореја

Домаќинот Катар ќе го отвори Мундијалот со Еквадор на 21 ноември, а финалето е закажано на 18 декември 2022 година.