Енцо Фернандез: Најсреќен сум за Меси, никој повеќе од него не го заслужи ова!

Младата ѕвезда на Бенфика, Енцо Фернандез, кој беше прогласен за најдобар млад фудбалер на ова СП во Катар и уште повеќе си ја крена цената после извонредните настапи и пред Муднијалот во Лигата на шампионите, посочи дека никој повеќе не ја заслужил светската титула од Лионел Меси.

Аргентина после 36 години стигна до светскиот трон, третпат во историјата по титулите во 1978 и 1986, а Аргентинците и пред СП најавуваа дека ќе изгинат за дресот, ама и за Меси, за да му го обезбедат последниот пехар што му недостигаше во величенствената кариера.

„Ова е нешто незаборавно. Ова вечно ќе го паметам за сѐ што се случи на ова првенство, од почеток до крај, посебно во ова финале. За мене, непроценливо е што јас воопшто добив шанса да играм за Аргентина на ова СП, а уште и отидовме до крај, па и победивме. Неверојатно е сѐ. А, Меси – заслужи повеќе од било кој да се радува на оваа титула. Многу сум среќен за него, зашто е наш капитен, лидер, водач, идол...“, рече Фернандез.