Емотивна сцена од хотелот на БиХ во Торонто, во главна улога - Џеко! (ВИДЕО)
Поддршката за Босанците стигнува од сите страни, иако се гости, се очекува тие на трибините да бидат погласни од домаќинот.
А голема поддршка за фудбалерите на БиХ доаѓа и од нивните семејства. Џеко на трибините ќе ги има своите најблиски.
Фантастична фотографија сподели сопругата на Џеко, Амра која објави прегратка на нивниот син и напаѓачот.
„Со среќа тато“, напиша Амра на сликата од Един Џеко и нивниот син Дани.
Мечот меѓу Канада и БиХ се игра вечерва со почеток од 21 часот.