На цел Мундијал во Катар имаше четири црвени картони, на отворањето во Мексико - три!

Ако денот по утрото се познава, Светското првенство во САД, Мексико и Канада ќе постави нов рекорд по бројот на црвени картони, не само поради тоа што ќе се играат многу повеќе натпревари.

На отворањето на стадионот „Ацтека“, каде вечерва се сретнаа Мексико и Јужна Африка беа покажани три црвени картони и покрај тоа што играта не беше толку груба. Интересно е тоа што на претходните два Мундијала, во Катар и Русија, имаше по само четири исклучувања вкупно. Во Катар, предвреме во соблекувална заминаа: Хенеси од Велс, Абубакар од Камерун, Думфрис од Холандија и Кедира од Мароко.

Рекордно по бројот на црвени картони е Светското првенство во Германија во 2006 година со 28, по него е тоа во Франција 1998 со 22, па 2002 и 2010 со по 17.

Она што се случи вечерва во Мексико Сити не е видено во историјата на светските првенства: никогаш на првиот натпревар немало три исклучувања.