Стрелецот на првиот гол за Мексико, всушност, е - Колумбиец кој го засени и Кристијано Роналдо
Тој погоди во деветтата минута за Мексико против Јужна Африка на култниот стадион „Ацтека“. Иако денеска е херој на Мексиканците, Кинонес, всушност е Колумбиец каде е роден и играл за младинските селекции. На 18-годишна возраст се преселил во мексиканскиот клуб Тигрес, каде што ги поминал следните пет години, но останал вечно врзан со Меиско.
Во мај 2023 година, Кињонес одби повик во колумбиската репрезентација, за која претходно играше во тимот до 20 години и го забележа своето деби за Мексико во ноември истата година. Пред да замине за Саудиска Арабија во 2024 година, играше и за мексиканските прволигашки клубови Атлас и Клуб Америка.
Неговиот трансфер во Ал-Кадсија за 13,8 милиони евра стана најскапата продажба од мексикански клуб, а напаѓачот ја оправда својата цена многу пати. Во својата дебитантска сезона во Саудиската професионална лига постигна 20 гола, а во неодамна завршената сезона 2025/26 стигна до бројката од 33. Со тоа ја освои Златната копачка на саудиското првенство, надминувајќи го англискиот репрезентативец Ајван Тони со 32 гола и Кристијано Роналдо со 28 гола.