Аргентина повика нов фудбалер пред стартот на Мундијалот (ФОТО)

Аргентинската фудбалска репрезентација пред самиот почеток на Светското првенство (СП) повика нов фудбалер во селекцијата, а тоа е новото засилување на Тотнем, Маркос Сенеси.

Сенеси доаѓа на местото на Лео Балерди, кој се повреди и мораше да се повлече од светскиот шампионат.

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони не сакаше да ризикува во одбраната и поради тоа го повика Сенеси, кој минатата сезона имаше одлични настапи во Премиер лигата.

Фото: Facebook/Selección Argentina in English