Два гола, три црвени картони - Мексико со победа го отвори Мундијалот (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Мексико е победник на првиот натпревар на 23. Светско фудбалско првенство откако вечерва во улога на домаќин ја совлада Јужна Африка со 2-0.

Триумфот е апсолутно заслужен бидејќи на теренот вечерва постоеја само Мексиканците. Најдобар доказ за тоа се 16. упатени удари кон противничките, за разлика од само трите на јужноафриканската селекција.

Текот на натпреварот во корист на домаќинот беше најавен уште во деветтата минута кога Мексико го отвори резултатот. Домашната одбрана киксираше, Лира ја украде топката која дојде до Кињонес, а тој со удар низ нозете на противничкиот голман ја затресе мрежата на Јужна Африка.

Првото полувреме заврши со водство на Мексико со 1-0, а во вториот дел само беше потврдено она што се случуваше претходно. Работата на домаќинот беше олеснета по црвениот картон на Ситоле за во 67. минута Раул Хименез да го постави конечниот резултат. Јужна Африка во финишот остана со само девет фудбалери бидејќи исклучен беше и Зване, па за Мексиканците беше важно само да помине времето. За нивна жал, ни тие не издржаа комплетни до крајот бидејќи во судиското продолжение беше исклучен Цесар Монтес.

За Мексико оваа победа би можела да значи пласман во нокаут фазата, но ќе се обиде да го потврди во дуелот со Јужна Кореја на 19 јуни. Јужна Африка, пак, ќе ги брка првите бодови против Чешка, ден порано.