Скапите билети си го зедоа „данокот“ - полупразни трибини на мечот меѓу Чешка и Кореја
Се чини дека високите цени на билетите почнуваат да имаат влијание. На стадионот „Акрон“ во Гвадалахара, публика имаше очајно малку за натпревар од Светско првенство. Дури и со голо око, можеа да се видат многу празни седишта од телевизискиот пренос. Стадионот собира околу 50 илјади гледачи, но сигурно имаше многу помалку навивачи на двете репрезентации кои го следеа натпреварот во живо.
Можеби не играа Меси и Мбапе, но сепак бројката на гледачи е многу мала. Останува надежта дека ова ќе биде изолиран инцидент, а не тренд што ќе го има и на следните натпревари од Светското првенство.