Добри вести за Аргентина пред стартот на нивниот настап на СП!

Аргентина ја има улогата на бранител на трофејот на Светското првенство, а пред нивниот прв дуел на Мундијалот стигна добра вест.

Голманот, кој беше еден од хероите за освоениот трофеј во Катар, Емилијано Мартинез е фит и ќе брани на мечот против Алжир.

Во изминатите 24 часа врз Мартинез биле направени потребните тестови по кои добил зелено светло за настап на следниот меч.

Аргентина својот прв натпревар го игра на 17 јуни во 3 часот наутро.