
Додека Бразил сонува за Анчелоти, друг европски тренер им се нуди!
Дали Карло Анчелоти ќе може да биде селектор на Бразил зависи од Реал Мадрид кој има важечки договор со италијанскиот стратег и доколку не планира да се ослободи од него, тој ќе мора да остане на Бернабеу.
Информациите на Фабрицио Романо велат дека легендарниот Жорге Жесус им се понудил на Бразилците да им биде селектор.
Португалскиот стратег во моментов е тренер на Ал Хилал.
Од Бразилската фудбалска федерација наводно чекаат да видат дали ќе може да го ангажираат Анчелоти, па дури потоа ќе ја разгледуваат Б варијантата, која можеби ќе биде токму Жесус.