Добрите пријатели од Ливерпул во новата сезона може да бидат лути ривали!

Екипата на Ливерпул веќе остана без Трент Александер Арнолд, а како што стојат работите ова лето клубот од „Енфилд“ може да го напушти и Енди Робертсон.

Долго време двајцата важеа за едни од најважните фудбалери на Ливерпул, но во наредната би можеле да бидат големи ривали затоа што според информациите на „Атлетик“, Атлетико Мадрид би можел да го доведе Робертсон.

Робертсон влегува во својата последна година од договорот и ова лето е последна прилика, ако не ја продолжи соработката, Ливерпул да заработи од неговото заминување.

Oд друга страна договорите на Цезар Аспиликуета и Реинилдо истекуваат, па „јоргнџиите“ би можеле да ја засилат таа позиција. Претходно клубот од Мадрид се поврзуваше и со Тео Ернандез од Милан.