Дешамп на полувреме: Само чувајте го Манџукиќ и барaјте го Мбапе! (ВИДЕО)

Франција стана светски шампион откако успеа да ја совлада Хрватска со 2-1 во големото финале во Москва.

Дешамп одлично ја постави својата екипа, па така во текот на целиот Мундијал тактиката на триколорите изгледаше едноставно, а тоа и најдобро го потврди видеото кое излезе од полувремето на последниот натпревар.

Играта на Франција во финалето се засноваше на брза транзиција и проследување на топката кон брзите крила, а во дефанзивата посебен фокус на Марио Манџукиќ и тоа беа главните совети на Дешамп на паузата помеѓу двете полувремиња.