Без паника! Нејмар е фит и тренираше слободни удари (ВИДЕО)

Бразилската суперувезда Нејмар вчера предвреме го напушти тренингот на својата репрезентација поради болки во претходно повреденото стапало. 

Навивачите на „кариоките“ беа во паника, дека фудбалерот на ПСЖ можеби ја обновил повредата која го оддалечи од терените речиси три месеци. Сепак, се е во ред со Нејмар, кој денеска нормално тренираше, а акцент стави на изведувањето на слободни удари.