
Беше голема надеж на Арсенал, сега за првпат стана главен тренер!
Англискиот клуб го потврди ангажманот на Вилшер и информираше дека негов помошник ќе биде Крис Пауел. Вилшер на клупата на Лутон пристигнува на местото на Мет Блумфилд кој доби отказ.
Вилшер токму во Лутон ги направи првите фудбалски чекори, но уште како деветгодишник се пресели во Арсенал.
„Голема чест и привилегија за мене претставува тоа што ќе бидам тренерн а Лутон. Се чувствувам како да сум затворил еден круг. Имав осум години кога како мало детенце дојдов првпат тука, па би кажал и дека е судбина што овој клуб е моја прва главна тренерска позиција. Не можам да бидам посреќен што сум тука, многу го сакам овој клуб“, изјави Вилшер.
Во текот на кариерата Вилшер одигра вкупно 197 натпревари за Арсенал, а беше дел уште од Болтон, Борнмут, Вест хем и данскиот АГФ. За репрезентацијата на Англија одигра 34 натпревари.
Фото: Arsenal FC/X