Атрактивната Албанка не се појави во Лесковац: Србите сакаа да ме уапсат!

Инфлуенсерката, Јулијана Нура пред натпреварот помеѓу Србија и Албанија кој се одигра во саботата најави дека ќе пристигне во Лесковац со знаме на „УЧК“, но тоа не случи.

Албанија ја победи Србија со 0-1, но Јулијана ја немаше на трибините, а сега се огласи и тврди дека во Србија имало издадено налог за нејзино апсење, па поради тоа и не присуствувала на натпреварот.

„Кога во прашање е натпреварот, Србија - Албанија. Србија издаде налог за мое апсење, но и на уште тројца луѓе. Моето влијание од затвор не би одело во прилог на никого (освен на Србите) затоа одлучив да славам и да се радувам на слобода. Со својата медиумска работа станав фактор и важна личност за балканските медиуми. Ве сакам“, објави Нура на Инстаграм.