„Мора да бидеме фокусирани на сите детали, Барселона е тим кој ја казнува секоја грешка“

Македонскиот ракометен шампион Пелистер ќе се соочи со Барселона в среда (15 октомври) во Лигата на шампиони (ЛШ), а пред натпреварот владее голема еуфорија во Битола.

Тренерот на битолчани, Рубен Гарабаја е свесен за квалитетот на Барселона, па затоа посочи дека мора да внимаваат на сите детали ако сакаат позитивен резултат против шпанскиот гигант.

„Барселона е една од најдобрите три екипи во светот. Секој натпревар против нив е посебен, затоа што имаат мнигу ѕвезди и многу добри ракометари. Мора да бидеме фокусирани на сите детали. Ракометниот има помош од фудбалскиот клуб, нивната структура е извонредна. Таму сите ракометари се фокусирани само на настапите.

Секој тим против Барса максимално се бори, но само до одреден момент. При секое губење на концентрацијата, тие постигнуаат 3-4 брзи голови од контра напади, бидејќи имаат одлична одбрана и најдобар голман во светот“, вели Гарабаја.

Десниот бек Анџеј Видомски побара поддршка од публиката за мечот против Барселона, а истата се очекува да ја добијат ракометарите со оглед на тоа дека салата е распродадена.

„Првите минути ги одиграв против Охрид и атмосферата во салата беше извонредна. Во Плоцк дебитирав во Луигата на шампионите, но можеби не одиграв толку добро. Сепак, тоа беше само првиот чекор и верувам дека ќе биде подобро.

Барса игра многу добро, во некои сегменти игра слично како Висла Плоцк. Знаеме како треба да играме и ќе се обидеме да го дадеме нашето најдобро издание. Сакам да ги повикам фановите, ни треба нивната помош“, кажа Видомски.

Пелистер по четири одиграни кола има еден триумф и три порази, односно два освоени бодови.