
Ќе има ли реприза: ПСЖ го руши светскиот рекорд за ѕвезда на Барселона!?
Тинејџерот игра во фантастична форма во дресот на каталонскиот гигант, па поради тоа привлече интерес од парижаните, кои се надеваат на реприза од на 2017 година кога го ангажираа Нејмар.
Парижаните за услугите на Нејмар платија 222 милиони евра и така поставија светски рекорд за најскап трансфер, меѓутоа овој пат тимот од „Паркот на принцовите“ планира да потроши уште повеќе пари.
Британски медиуми пишуваат дека ПСЖ планира да испрати понуда од неверојатни 250 милиони евра за да го купат Јамал.
Јамал има договор со Барселона до 2031 година, а гигантот од „Камп Ноу“ засега не планира да прифаќа понуди за талентираниот шпански репрезентативец.
Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain